Состанокот на американскиот претседател Доналд Трамп и севернокорејскиот претседател Ким Џонг Ун е закажан за 12 јуни во 9 часот наутро во Сингапур по локално време, соопшти вечерва Белата куќа.
Портпаролката на Белата куќа вели дека се продолжува планирањето на историскиот самит во Сингапур, додавајќи дека преговарачите на САД и Северна Кореја ќе се сретнат во демилитаризирана зони на Корејскиот полуостров.
Трамп истакнал дека целта на самитот е дениклеаризација на Корејскиот полуостров.
Деталите од агендата ќе бидат дополнително соопштени.