среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трамп им наложи на американските војници во Сирија да се повлечат кон југ

Трамп им наложи на американските војници во Сирија да се повлечат кон југ

Американскиот министер за одбрана Марк Еспер денеска изјави дека претседателот Доналд Трамп им наредил на сите американски трупи во северна Сирија да се упатат кон југ, но да не ја напуштат земјата.

Во изјавата за американската телевизиска мрежа Си Би Ес, Еспер рече дека конфликтот меѓу турските сили и курдските борци поддржани од САД станал „неодржлив“ за американските трупи.

Американскиот министер додаде дека добил директиви од Трамп да ги повлече американските трупи од северна Сирија на југ, но не му било наредено да ја напуштат сириската територија.

Еспер не го прецизираше бројот на американски војници што ќе ја напуштат северна Сирија, но додаде дека Курдите ќе се договорат со сириските сили и Русија за евентуален контранапад на турските и протурските сили.