Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ја повика Кина да ја задржи безбедноста на границата со Северна Кореја додека не биде постигнат договор за денуклеаризација на Корејскиот полуостров.
– Кина мора да продолжи да биде силна и цврста на границата со Северна Кореја додекја не биде постигнат догвоор, наведе Трамп на Твитер.
Тој додаде дека се зборува оти таа граница е многу порозна во последно време.
– Сакам да се случи тоа, и Северна Кореја да биде многу успешна, но после потпишувањето, нагласува Трамп пред планираниот самит со лидерот на Севрна Кореја Ким Џонг Ун на 12 јуни во Сингапур.