Еден ден пред да замине на самитот на НАТО, американскиот претседател Доналд Трамп повторно ги повика сојузниците и го повтори своето барање за зголемување на нивните трошоци за одбрана.
– САД трошат повеќе за НАТО од која и да било друга земја. Тоа не е фер, ниту е прифатливо, напиша Трамп на Твитер.
Тој утре заминува на среба на Алијансата што ќе се одржи во среда и четврток во Брисел.
– Иако го зголемија својот придонес откако станав претседател, тие треба да направат повеќе, додаде тој, повторувајќи дека Европа има поголема корист од НАТО отколку САД.
МИА