среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тревога за воздушни напади се слуша низ цела Украина

Тревога за воздушни напади се слуша низ цела Украина

Сирените за воздушен напад утринава се активирани низ цела Украина, вклучувајќи го и главниот град Киев. Тревога е објавена во регионите Киев, Харков, Житомир, Виниција, Чернихив, Миколаев и Кировохрад.

Виталиј Бунечко, регионалниот гувернер на Житомир, ги повика жителите да останат во засолништа поради „заканата од огромен ракетен напад“.

Градската управа на Киев, исто така, ги повика жителите веднаш да одат во засолништа поради воздушната тревога.

„Во главниот град е прогласена воздушна тревога. Ве молиме веднаш одете во прифатните центри“ се наведува во известувањето објавено на официјалниот киевски канал Телеграм.  (МИА)