среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Три лица обвинети за терористички активности во Данска, судењето закажано за ноември

Три лица обвинети за терористички активности во Данска, судењето закажано за ноември

Три лица се обвинети за набавка на хемикалии со намера да направат бомби, соопштија денеска данските обвинители, посочувајќи дека тројката планирала терористички напади, јави ДПА.

Според соопштението, меѓутоа, не е јасно дали бомбите за кои групата е обвинета било планирано да се користат во Данска или во други земји.

Обвинителката Лис-Лоте Нилас изјави дека плановите на тројцата обвинети им биле спречени, кога двајца од мажите во групата, на возраст од 22 и 23 години, биле приведени. Трагата од нив ги довела до третиот член, 39-годишна жена обвинета за финансирање на терористичките операции на ќелијата.

ДПА додава дека тројката била приведена во декември 2019 година.

Жената, исто така, е обвинета дека им помогнала на членовите на терористичката група Исламска држава да комуницираат преку Интернет и да формираат профили на социјалните мрежи.

Случајот се очекува да почне во судот во Копенхаген во ноември.