Триесет членови на престижната норвешка кралска гарда ќе бидат отпуштени поради користење нелегални дроги за време на одмор, соопштија денеска норвешките вооружени сили.
Армијата беше информирана за употреба на нелегална дрога меѓу регрути за време на приватна забава летово. Првично, петмина признаа дека користеле дрога, а други 25 подоцна се изјаснија оти го сториле истото.
Засега нема детали околу тоа за какви дроги станува збор.
Во Норвешка воениот рок е задолжителен за машки и женски лица од 2015 година. (МИА)