сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трите нуклеарни централи под контрола на Украина исклучени од електричната мрежа по нови руски напади

Трите нуклеарни централи под контрола на Украина исклучени од електричната мрежа по нови руски напади

Сите три нуклеарни централи кои сè уште се под контрола на Украина се исклучени од електричната мрежа, соопшти денеска украинскиот нуклеарен оператор, по нови руски воздушни напади врз државата.

Енергоатом во соопштението наведува дека нападите ги активирале протоколите за вонредни состојби во нуклеарните централи Ривненска, Пивденноукраинска и Хмељницка и оти „како резултат… сите реактори автоматски се исклучени“ од електричната мрежа.