петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Тропска бура во Шпанија, едно лице загина

Тропска бура во Шпанија, едно лице загина

Тропската бура „Ермина“ придружена со обилни дождови погоди неколку региони во Шпанија, при што едно лице загина, а предизвикана е голема материјална штета, соопштија денеска локалните власти.

На Канарските острови веќе трет ден врне силен дожд. Шпанската метеоролошка агенција АЕМЕТ објави дека ова е најдождливиот септември досега забележан на Канарските острови.

Училиштата таму беа затворени како мерка на претпазливост, додека повеќе од 600 летови беа откажани во текот на викендот.

Се очекува училиштата и аеродромите на Канарските Острови да продолжат со нормална работа од у тре, кога ќе помине невремето.