петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Трудо најави забрана за продажба на оружје

Трудо најави забрана за продажба на оружје

Премиерот на Канада, Џастин Трудо најави нов закон за поседување оружје и забрана за купување на оружје.

– Денот кога овој закон ќе стапи во сила, повеќе нема да може да се купува, продава, пренесува или увезува оружје во Канада, истакна Трудо.

Доколку биде усвоена, забраната се очекува да стапи во сила наесен.

Забраната за поседување и купување на оружје уследи по минатонеделното убиство на 19 деца и двајца учители во основно училиште во Тексас во САД. Канада веќе има значително поригорозни ограничувања за поседување оружје од САД.