сабота, 2. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Турција бара НАТО да се фокусира на прекин на огнот во Украина

Турција бара НАТО да се фокусира на прекин на огнот во Украина

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу изјави дека фокусот на овонеделниот состанок на НАТО треба да биде ставен на начините за постигнување примирје во Украина, а не само санкциите.

-Првата цел на сите треба да им биде прекин на огнот. Тековната војна треба да се прекине. Сите треба да се однесуваат одговорно и конструктивно, изјави денеска шефот на турската дипломатија пред новинарите, на маргините на Организацијата на исламската конференција во Пакистан.

Лидерите на земјите-членки на НАТО, вклучително и американскиот претседател Џозеф Бајден, треба да се сретнат в четврток во Брисел.

Чавушоглу додаде дека Турција како посредник врши притисок и е во комуникација со украинската и руската страна.

Министрите за надворешни работи на Украина и Русија, Дмитро Кулеба и Сергеј Лавров се сретнаа овој месец во Анталија, но безуспешно. (МИА)