Турските власти денеска соопштија дека блокираат преминување на воени бродови од клучните теснеци Босфор и Дарданели, согласно конвенцијата што обезбедува контрола врз преминувањето на воените бродови во стратешката област.
– Ги известивме двете земји од регионот и други места да не минуваат воени бродови низ Црното Море. Ја применуваме Конвенцијата од Монтре, изјави министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу.
Конвенцијата од Монтре, потпишана во 1936 година, и дава на Турција одредена контрола врз движењето на воените бродови низ Дарданелите и Босфорскиот теснец што ги поврзуваат Егејското Море, Мраморното и Црното Море.