четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Турција ги затвори границите за патници од девет европски земји

Турција ги затвори границите за патници од девет европски земји

Турција забрани влез на нејсина територија за патници кои доаѓаат од девет европски земји – Австрија, Белгија, германија, Данска, Шпанија, Холандија, Норвешка, Франција и Шведска, соопшти турското Министерство за внатрешни работи.

Мерката се презема поради спречување на ширењето на коронавирусот и стапува во сила од денеска. Граѓаните од овие девет земји имаат право да ја напуштат Турција.

Нема да им биде дозволен влез во Турција и на граѓани од трети земји, кои во последните 14 дена престојувале во тие девет држави. На турските државјани времено им се забранува да патуваат во наведените земји.

Турција, која има потврдено пет случаи на заразени лица со Ковид-19, соопшти дека од денеска до 17 април ги суспендира летовите кон деветте земји, а претходно се прекинати летовите до Кина, Иран, Ирак, Италија и Јужна Кореја.