Министерството за надворешни работи на Турција најостро ги осуди воздушните напади на Израел врз Појасот Газа, нагласувајќи ја потребата да се запрат нападите пред тие да прераснат во посериозни конфликти.
„Сметаме дека е неприфатливо убиството на цивили, вклучително и деца во напади. Ние сме длабоко загрижени поради зголемените тензии во регионот по нападот. Ја нагласуваме потребата да се прекинат нападите пред тие да се претворат во нова спирала на конфликти и затоа повикуваме на воздржаност и здрав разум“, се вели во соопштението, пренесува Анадолија.
Израелската армија синоќа соопшти гаѓала на одредени цели од движењето Исламски џихад во Појасот Газа.
Министерството за здравство во Појасот Газа денеска соопшти дека во израелските воздушни напади загинале 13 лица, а 114 се ранети, но не е прецизирано колку цивили има меѓу жртвите. (МИА)