Турскиот министер за енергетика Фатих Донмез денеска изјави дека Турција почна да плаќа дел од руските испораки на природен гас во рубљи.
Анкара и Москва во септември се договорија гасот да се плаќа во рубљи.
Донмез најави и конкретни планови за спроведување на рускиот предлог Турција да стане база за снабдување на Европа со руски гас и до крајот на годината ќе се одржи конференција со добавувачите и купувачите.
Рускиот претседател Владимир Путин во октомври предложи Турција да стане база и алтернативна рута за снабдување на Европа со руски гас откако гасоводите Северен поток 1 и 2 во Балтичкото Море беа оштетени во експлозии.