Турција ги обвини сириските владини сили за кршење на договорот за прекин на огнот во реонот на градот Идлиб, што беше постигнат меѓу Анкара и Москва.
Русија во осумгодишниот конфликт во Сирија ја поддржува Владата на сирискиот претседател Башар ел Асад, додека Турција им дава поддршка на дел од бунтовничките групи.
– Режимот не го исполни ветувањето за прекин на огнот и покрај договорот, изјави турскиот министер за одбрана Хулуси Акар.
Според него, евентуална ескалација на судирите во Идлиб, кој е последното поголемо упориште на бунтовниците во Сирија, би можело да доведе до „хуманитарна трагедија“.(МИА)