понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Турција: Тешкото оружје е повлечено од Идлиб

Турција: Тешкото оружје е повлечено од Идлиб

Турското Министерство за одбрана соопшти дека процесот на повлекување на тешко оружје од демилитаризираната зона во Идлиб, Сирија, денеска е завршен.

Во соопштението Министерство за одбрана потсетува дека земјите гаранти, Турција и Русија, потпишаа договор на 17 септември за стабилизирање на демилитаризираната зона во Идлиб.

Оттаму додаваат дека во рамките на Договорот, кој беше постигнат во рускиот град Сочи, особено внимание било посветено на географската структура и населените места, и дека била формирана демилитаризираната зона, во должина од 15-20 километри.

– Турција ги исполни своите обврски во рамките на Договорот.

“Во тој контекст, на 10 октомври 2018 година го заврши повлекувањето на тешкото оружје од демилитаризираната зона во Идлиб, со цел да се стави крај на тензиите во областа и да се елиминира ризикот од меѓусебен конфликт, се истакнува во соопштението.

Министерство за одбрана на Турција додава дека продолжуваат активностите во рамките на воспоставувањето одржлив и траен мир во Идлиб.

МИА