понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Турција забрани ноќен риболов во дел од Црното Море

Турција забрани ноќен риболов во дел од Црното Море

Турските власти денеска воведоа забрана за ноќен риболов во дел од Црното Море, откако претходно денеска беше откриена мина во Босфор, пренесува БГНЕС.

„Заради безбедноста на животите и имотите на нашите рибари и на нашиот народ од денеска (26.03.2022) до следното известување се воведува забрана за секаков вид риболов од зајдисонце до изгрејсонце во Црното Море помеѓу Бугарија и Кефкен на Црното Море, се вели во соопштението на Министерството за земјоделство и шумарство на Турција.

Претходно денеска беше соопштено дека рибари откриле предмет налик на мина. Турското Министерство за одбрана потоа потврди дека станувало збор за мина која била успешно неутрализирана.

Турскиот министер за одбрана Хулуси Акар разговараше за ова прашање со претставници на Русија и Украина. Движењето на бродовите преку Босфорот беше прекинато и повторно обновено попладнево. (МИА)