вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Туристите во страв бегаа, летаа лежалки и чадори на сите страни: Торнадо испразни плажа во секунда (ВИДЕО)

Туристите во страв бегаа, летаа лежалки и чадори на сите страни: Торнадо испразни плажа во секунда (ВИДЕО)

Вистински хаос на плажа во руското летувалиште Геленџик на брегот на Црното море предизвика торнадо кое се појави од никаде.

Видеото кое е објавено е снимено е од страна на Елена Коновалова. Видеото како се формира торнадо и тргнува кон морето. Песочниот вртлог носеше лежалки и чадори, пешкири и работи на туристите кои панично ги земаа децата и бегаа.

Луѓето на плажата на почетокот го следеа овој феномен, но кога мини торнадото тргна да руши се пред се разбегаа барајќи сигурно место.

За среќа стигна до водата која успеа да го смири и тоа на крај сосем исчезна. За среќа никој не е повреден, но штетата не е мала.