петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Турската армија елиминира 11 курдски борци

Турската армија елиминира 11 курдски борци
SIRNAK'IN CIZRE ILCESI NUR MAHALLESI'NDE GOSTERICILERIN KAZDIGI HENDEKLERI KAPATMAK ICIN MAHALLEYE KEPCEYLE GIDEN POLIS EKIPLERIN MOLOTOF VE TASLI SALDIRI DUZENLENDI. POLIS SALDIRGANLARA GAZ BOMBASI ILE MUDAHALE ETTI. (FOTO: RAMAZAN IMRAG/DHA, SIRNAK)

Турската армија уби 11 курдски војници во турскиот пограничен округ Хатај.

– Припадници на турските безбедносни сили, со поддршка од воздух, отворија оган и ги убија борците кои беа забележани во реонот на Арсуз, округ Хатај. Армијата оценува дека групата извршила неколку напади во округот, минатата година, се посочува во соопштението на локалната власт.

Во меѓувреме, турската армија соопшти дека двајца војници загинале во вчерашната експлозија на рачно изработена бомба за време на операција во Африн, Сирија.