Турската полиција денеска во Истанбул употреби солзавец врз неколку стотици жени собрани против насилството врз нив и повлекувањето на Турција од меѓународниот договор што ги штити жените.
Толпата носеше транспарент на кој пишуваше „Ќе се бориме додека не го добиеме она што го сакаме“ и ги повика властите и претседателот Реџеп Таип Ердоган да ја вратат земјата кон меѓународниот договор познат како Истанбулска конвенција.
Конвенцијата беше усвоена од Советот на Европа во 2011 година и е механизам кој воспоставува правно обврзувачки процедури со цел да се спречи насилство од сексистичка природа. Договорот беше потпишан во Истанбул.
Турција официјално го напушти меѓународниот договор во јули, а властите тогаш рекоа дека договорот може да поттикне хомосексуалност и да го загрози традиционалното семејство.