Турската полиција соопшти денеска дека верува оти некои делови на телото на убиениот саудиски новинар Џемал Кашоги можеби се спалени.
Во извештајот на полицијата се наведува дека саудискиот конзулат во Истанбул, во кој е убиен Кашоги на 2 октомври минатата година, има два бунара и печка на дрва и плин, во која температурата може да достигне и до 1.000 степени Целзиусови и во која е можно да се уништат сите ДНК траги.
И покрај истрагата, која беше спроведена од Турција во конзулатот на Саудиска Арабија и на уште неколку локации, телото на Кашоги уште не е пронајдено.
За убиството на Кашоги, турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган ги обвини лидерите на Саудиска Арабија и ги повика да ги откријат локалните соработници, кои им помогнале во ова убиство.
Во извештајот на турската полиција се спомнува дека вереницата на Кашоги, Хатиџе Ченгиз можела да биде втората жртва, доколку влегла заедно со него во конзулатот.