вторник, 12. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Турски бизнисмен главен снабдувач на базата за хероин кај албанскиот град Хас

Турски бизнисмен главен снабдувач на базата за хероин кај албанскиот град Хас

Турски бизнисмен во областа на текстилот е уапсен во рамки на акцијата што ја спроведува албанската полиција, по откривањето на базата за хероин во близина на северниот албански град Хас.

Името на уапсениот не се соопштува, но извори од истражните органи потврдуваат дека трговијата со текстил ја корител да транспортира во Албанија опиум за подготовка на хероинот.

– Растението опиум главно се одгледува во Авганистан, од каде во Албанија бил пренесуван преку Турција и Косово. Во базата за хероин, која полицијата ја откри на 19 октомри во селото Бреног, кај Хас, опиумот се преработувал и се пуштал на пазарат во западноевропските земји, наведува тиранската телевизија Ора њуз.

Во интерес на истрагата, албанските власти не соопштуваат детали, но се дознава дека се трага по уште неколку лица, меѓу кои и лицето кое го подготвувало хероинот а кое во истрагата се споменува под името „хемичар“, за кого постојат основи на сомнение дека е странски државјанин.

На денот на големата акција, полицијата уапси петмина албански државјани, меѓу нив и една жена, и заплени 160 калапи дрога-хероин, пакувани и подготвени за транспорт во патни торби или, според последните информации околу 150 килограми.

Базата била сместена во два објекта, кои претходно биле користени како  штали за добиток, во периферијата на селото, до кои водел макадамски пат.

МИА