Турските пратеници денеска ја почнаа расправата за спорниот медиумски закон, предложен од страна на Партијата на правдата и развојот на претседателот Реџеп Тајип Ердоган и нејзините националистички сојузници. За него, опозицијата и групи за медиумски права тврдат дека ќе го интензивира повеќегодишното сузбивање на критичкото известување.
Владата во Анкара соопшти дека законот ќе биде околу „дезинформации“ во печатот и социјалните медиуми, додека групи за човекови права сметаат оти со тоа ќе се прошири низата чекори за време на дведецениското владеење на Ердоган со што се задушени преостанатите независни медиуми.
Британските медиуми пишуваат дека предлог законот веројатно ќе биде одобрен во Парламентот.
Клучната загриженост меѓу критичарите на законот е членот каде се наведува дека оние кои ќе шират лажни информации за безбедноста на Турција со цел да создадат страв и да го нарушат јавниот ред, ќе се соочат со затворска казна од една до три години.
Според поединци, прашањето за слободата на медиумите е од сè поголемо значење пред претседателските и парламентарни избори наредната година. Поддршката за Ердоган и неговата Партија на правдата и развојот падна од последното гласање, покажаа истражувања.