четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Турското обвинителство апси 158 осомничени за соработка со имамот Фетула Ѓулен

Турското обвинителство апси 158 осомничени за соработка со имамот Фетула Ѓулен

Турското обвинителство нареди апсење на 158 осомничени , вклучувајќи и 33 војници во активна служба,поради наводна поврзаност со имамот Фетула Ѓулен, кого официјална Анкара го товари дека е одговорен за неуспешниот воен удар во 2016 година.

Ѓулен кој живее во САД ,ја отфрли вмешаноста во неуспешниот воен пуч во јули 2016 година кога загинаа над 250 луѓе.

Медиумите наведувата дека во текот на последната полициска рација уапсени се 97 луѓе . а меѓу осомничените се и 110 питомци на Военото училиште како и 48 поранешни и активни припадници на армијата.

Колку за потсетување . По неуспешниот воен удар околу 80.000 лица беа во притвор очекувајќи судење а околу 150.000 државни службеници , воени лица и други се отпуштени од работа или суспендирани, а околу 20.000 луѓе се буквално исфрлени од работа.

Forto: DW