понеделник, 18. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Турција: Училиштата во 10 градови и покраини се затвораат на една недела

Турција: Училиштата во 10 градови и покраини се затвораат на една недела

Училиштата во 10 градови и провинции во Турција, кои беа погодени од денешниот разорен земјотрес, ќе бидат затворени една недела, изјави турскиот потпретседател Фуат Октај.

Станува збор за училишта во градовите и провинциите Кахраманмарас, Хатај, Газиантеп, Османије, Адијаман, Малатија, Шанлиурфа, Адана, Дијарбекир и Килис, јавува Би-Би-Си.

Октај рече дека летовите до и од аеродромот во провинцијата Хатај се суспендирани, а аеродромите во Кахраманмарас и Газиантеп се затворени за цивилни летови.