Во акција на шпанската полиција и Интерпол разбиена е криминална мрежа, која дејствуваше од Кавказ до Шпанија и Франција, при што се уапсени 129 лица.
– Уапсените, воглавно Американци, се сомничат за кривични дела – поседување на оружје и кражба на накит, соопшти денеска Интерпол.
Тоа е една од поголемите операциии во Шпанија, при што е извршен претрес во повеќе од 70 локации, а осомничените се уапсени минатата недела во Шпанија и во Франција.
МИА