сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Уапсени околу 800 лица во Белорусија за време на референдумот за новиот устав

Уапсени околу 800 лица во Белорусија за време на референдумот за новиот устав

Околу 800 луѓе се приведени за време на вчерашниот референдум за новиот устав, со кој земјата се откажува од својот ненуклеарен статус.

Референдумот предизвика најголеми протести во изминатите неколку месеци. Новиот устав овозможува нуклеарно оружје на територијата на Белорусија, а според официјалните податоци за него гласале 65 отсто од граѓаните.

Со новиот устав му се гарантира и на претседателот на државата доживотен имунитет од прогон откако ќе ја напушти функцијата.

Белорускиот претседател Александар Лукашенко вчера изјави дека би можел да бара од Русија да го врати нуклеарното оружје во Белорусија.

– Ако (Западот) распореди нуклеарно оружје во Полска или во Литванија, до нашите граници, тогаш ќе му се обратам на Путин да го врати нуклеарното оружје што го дадов без никакви услови, истакна Лукашенко.

Западните земји претходно соопштија дека нема да ги признаат резултатите од референдумот, што се одржуваше во атмосфера на пресметка со белоруската опозиција и противниците на режимот на Лукашенко.