Еден од синовите на водачот на терористичката организација Исламска држава, Абу Бакр ал Багдади е убиен во Сирија во напад кој го предводеа џихадистите во централната провинција Хомс.
Како што соопшти ИД, Худхајф ал Бадри е убиен во суди во една електрана во провинцијата Хомс.
Според пишувањата на опозициската Сириска опсерваторија за човечки права, џихадистите држат мали пустински области во Хомс и на истокот на Сирија. Се проценува дека контролираат помалку од три отсто од сириската територија.
Водачот на ИД неколку пати досега беше прогласуван за мртов, но изгледа дека е жив и е некаде во Сирија, долж границата со Ирак.
МИА