вторник, 12. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Убиен сопругот на вицепремиерката на Украина додека се обидувал да евакуира цивили

Убиен сопругот на вицепремиерката на Украина додека се обидувал да евакуира цивили

Сопругот на вицепремиерката на Украина за европски и евроатлантски интеграции Олха Стефанишина е убиен во руското гранатирање, објави на социјалните мрежи украинската пратеничка Лесија Василенко.

Богдан Стефанишин беше убиен пред два дена за време на руско гранатирање додека се обидуваше да ги евакуира цивилите од Чернихив.

-Вчера плачев повеќе отколку во сите други 36 дена од војната. Сопругот на мојата колешка Олха Стефанишина беше убиен. Тој загина како херој, обидувајќи се да евакуира цивили од Чернихив. Незамислива трагедија, напиша Василенко на Твитер.