Непознат напаѓач денеска со автоматско оружје уби 13, а повреди седум луѓе, во шума во сенегалскиот регион Касаманце, соопшти армијата.
– Засега не е познато кој го извршил нападот и од какви причини пукал врз цивили кои во шумата собирале дрва за огрев, истакна портпаролот на војската, Абдулах Ндаје.
Овој регион во јужниот дел на Сенегал е упориште на бунтовничкото сепаратистичко движење, формирано во 1982 година, кое бара независност на областа од северниот дел на Сенегал.