Властите во главниот град на Индија, Њу Делхи ги затворија училиштата и факултетите на неодредено време поради се поголемото загадување на воздухот.
Градежните работи исто така се забранети до 21 ноември, но направен е исклучок за проекти кои се однесуваат на транспортот.
Само пет од 11 електрани на јаглен во градот имаат дозвола за работа. Концентрацијата на ПМ 2,5 – ситните честички кои се таложат во белите дробови во Делхи е далеку над безбедносната граница на Светската здравствена организација.
Во неколку делови од градот во вторникот се забележани бројки близу или над 400 што влегува во категоријата тешко загадување.