Украинскиот министер за природни ресурси изјави дека денес се изгасени пожари во областа на нуклеарната електрана во Чернобил, која била под контрола на руските сили.
Преходно, украинските власти ги обвинија руските сили дека намерно го подметнале пожарот или го предизвикале со артилериско гранатирање, пренесува агенцијата АП.
Украинскиот министер Руслан Стрелец изјави дека нивоата на радијација во таа област се во рамките на нормите. Пожарите ја зголемија загриженоста за можното ослободување на радијација од електраната, каде што експлозијата и пожарот во 1986 година доведоа до радиоактивни емисии низ Европа.