понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Украина бара „итен пристап“ до местото каде падна проектилот во Полска

Украина бара „итен пристап“ до местото каде падна проектилот во Полска

Украина соопшти дека бара итен пристап до локацијата во Полска каде синоќа падна проектил, кој, како што соопшти денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, најверојатно бил истрелан од украинската противвоздушна одбрана во обид да собори руска ракета истрелана врз Украина.

Ова го потврди секретарот на украинскиот Совет за безбедност, а пренесува Скај њуз. Местото на несреќата, селото Пжеводов, се наоѓа на околу 6,4 километри западно од границата со Украина, а во инцидентот загинаа две лица.

Генералниот секретар на НАТО денеска изјави дека експлозијата најверојатно била предизвикана од проектил истрелан од украинската противвоздушна одбрана, додавајќи дека сепак „Русија на крајот е виновна“ за започнувањето на војната против Украина.