понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Украина бара итен состанок на Советот за безбедност

Украина бара итен состанок на Советот за безбедност

Украина бара свикување на итен состанок на Советот за безбедност на Обединетите нации поради најавата на Русија дека ќе стационира тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.

„Украина очекува ефективни акции против нуклеарната уцена на Кремљ од Обединетото Кралство, Кина, САД и Франција… Бараме итно свикување на вонреден состанок на Советот за безбедност на ОН за оваа цел“, се наведува во реакцијата на украинското Министерство за надворешни работи.