недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Украина бара западни борбени авиони и воени бродови

Украина бара западни борбени авиони и воени бродови

Заменик-министерот за надворешни работи на Украина Андриј Мељник денеска побара западни борбени авиони, воени бродови и тенкови, по ветувањето на САД дека ќе испратат противракетни системи „Патриот“ во Украина.

„Украина е многу благодарна за храбрите нови потези на САД. Но, се знае дека постојат иште табуа што треба да се прекинат. Итно ни се потребни западни тенкови, борбени авиони, воени бродови, повеќецевни ракетни фрлачи, муниција“, рече Мељник.

„Тоа е нашата единствена желба за Божик“, истакна поранешниот амбасадор на Украина во Германија.

Во спротивно, тој рече деака војната ќе предизвика уште повеќе страдања, смрт и уништување на Украина.

Мељник оцени дека рускиот претседател Владимир Путин ја подготвува армијата и граѓаните за долготрајна војна и ги мобилизира сите расположливи ресурси.

„Украинците се подготвени да се борат за ослободување на својата татковина, вклучувајќи го и Крим, до последниот здив. Тоа е сигурно, без оглед на тоа што ќе направат нашите сојузници“, истакна тој.

Мељник одби да преговара со Русија и наводната желба на Кремљ за преговори ја нарече „целосен блеф“.

Тој категорично ја отфрли можноста Украина да се откаже од кој било дел од својата територија. „Киев смета дека е неприфатливо. Тоа нема да се случи“, рече Мељник.