сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Украина: „Добивме 70 борбени авиони“

Украина: „Добивме 70 борбени авиони“

Командата на воздухопловните сили на вооружените сили на Украина соопшти дека земјата од својот партнер ќе добие 70 борбени авиони МиГ-26 и Су-25.

Доколку е потребно, тие авиони можат да бидат распоредени и на полските аеродроми, од каде што украинските пилоти ќе извршуваат борбени задачи, се наведува во соопштението објавено на Фејсбук, пренесува агенцијата Интерфакс Украина.

Според командата на украинските воздухопловни сили, Бугарија ќе даде 16 МиГ-29 и 14 Су-25, Полска – 28 авиони МиГ-29, а Словачка – 12 авиони МиГ-29.

Британскиот премиер Борис Џонсон му рекол на украинскиот претседател Володимир Зеленски дека ќе обезбеди поголема воена поддршка за Украина во наредните денови, изјави вчера портпаролот на неговиот кабинет.

Зеленски го информирал Џонсон и за отпорот на Украина на руската инвазија, додаде портпаролот на британскиот премиер.

„Премиерот го информираше претседателот Зеленски за воената поддршка на Обединетото Кралство за Украина и вети дека ќе ја испрати во наредните часови и денови“.