Украина има намера да тужи некои американски и европски банки за нивните наводни врски со групи кои тргуваат со руска нафта, пишува Фајненшл Тајмс.
Олег Устенко, економски советник на украинскиот претседател, им пишал на банкарите, вклучувајќи ги Џејми Димон од Џеј Пи Морган Чејс (JPMorgan Chase) и Ноел Квин од ХСБЦ (HSBC). Тој им порачал да престанат да ги финансираат компаниите кои тргуваат со руска нафта и продаваат удели во нафтените и гасните групи Газпром и Роснефт кои се поддржани од руската држава.
– Според мое мислење, тие вршат воени злосторства затоа што му помагаат на режимот на Путин на овој специфичен начин и на тој начин го поддржуваат тој режим, рече тој за Фајненшл Тајмс. (МИА)