петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Украина објави список на руски војници кои ги смета одговорни за злосторствата во Буча

Украина објави список на руски војници кои ги смета одговорни за злосторствата во Буча

Украинската разузнавачка служба објави список за кој се тврди дека вклучува руски војници кои извршиле злосторства врз цивили во Буча.

Списокот, објавен на веб-страницата на Министерството за одбрана, вклучува имиња, датуми на раѓање, броеви на пасоши и чинови на околу 2.000 војници.

Покрај тоа стои порака: „Запомнете! Сите воени злосторници ќе бидат изведени пред лицето на правдата за злосторствата извршени врз цивилното население на Украина“.