четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Украина привремено ќе ги прекине планираните операции поради прекини на струјата

Украина привремено ќе ги прекине планираните операции поради прекини на струјата

Украинското Министерство за здравство соопшти дека побарало од своите регионални претставници да размислат за привремено прекинување на планираните операции додека не се стабилизира ситуацијата со снабдувањето со електрична енергија.

Во последните недели, руската војска изврши осум серии воздушни напади врз критичната инфраструктура кои сериозно го погодија енергетскиот систем на Украина и доведоа до вонредни прекини на струја низ целата земја.

Министерството за здравство денеска соопшти дека болниците ќе продолжат со итна помош, но планираните операции ќе бидат привремено прекинати за да се олесни товарот на здравствениот систем во случај на евентуални идни прекини на електричната енергија.

„Планираните операции ќе продолжат кога ќе се стабилизира состојбата околу снабдувањето со електрична енергија“, додаваат од Министерството.   (МИА)