четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Украина: Русија употреби касетни бомби и фосфорна муниција во регионот Криви Рих

Украина: Русија употреби касетни бомби и фосфорна муниција во регионот Криви Рих

Едно лице загина, а едно е рането во денешниот напад во кој Русија употреби касетни бомби и фосфорна муниција во јужниот украински регион Криви Рих, објави денеска регионалниот воен началник Олександр Вилкул. Ова е првпат да е пријавено употреба на оружје во оваа област.

-Окупаторите пукаат, вклучително и употреба на забранета фосфорна и касетна муниција, рече Вилкул, но не прецизираше каде и кога било употребено оружјето. Тој рече дека во текот на изминатиот ден едно лице загинало, а едно е повредено.

Руските трупи се во офанзива кон градот Криви Рих, главниот град на регионот и родниот град на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Украинската армија претходно ги обвини руските сили за употреба на фосфорна и касетна муниција во источниот регион на Донбас.

Украинските власти започнаа истраги за употребата на оружје за кое десетици земји се согласија да го забранат со меѓународен договор. (МИА)