Украина суспендираше неколку договори за нуклеарна безбедност со Русија, соопшти денеска Украинскиот државен инспекторат за нуклеарна безбедност.
„Поради руската воена агресија, Државниот инспекторат за нуклеарна безбедност ги раскинува меѓународните договори за соработка меѓу двете земји во областа на нуклеарната безбедност“, стои во пораката на Фејсбук страницата на Инспекторатот.
Конкретно, Украина го суспендира договорот за размена на информации и соработка во областа на безбедносните одредби кои се однесуваат на мировно користење на нуклеарната енергија. (МИА)