Украина тврди дека убила уште еден руски генерал.
„Како резултат на нападот на непријателот, загина командантот на 8-та армија на јужниот воен округ на вооружените сили на Руската Федерација, генерал полковник Андреј Мордивчев.
Оваа информација не е потврдена, а ја објави украинската армија на својот официјален профил на Твитер.
Ова е петти руски генерал кој, според Украинците, загинал за нешто повеќе од 20 дена војна.
Пред само три дена Украина објави дека го убила генерал-мајор Олег Митјаев за време на интензивните борби во предградието на југоисточниот град Мариупол.
Во продолжение повеќе информации поврзани со руско-украинската криза:
Повеќе од 3,3 милиони бегалци ја напуштиле Украина по руската инвазија
Градоначалникот на Мариупол: Се водат борби во центарот на градот
Борби во Мариупол за една од најголемите челичарници во Европа
Белгија го одложи повлекувањето од нуклеарната енергија за 10 години поради војната во Украина
Зеленски до Русите: Замислете 14.000 мртви тела на стадионот во Москва