четврток, 8. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Украина тврди дека Русија одзела 400.000 тони жито

Украина тврди дека Русија одзела 400.000 тони жито

Украина соопшти дека руските власти украле 400.000 тони жито од окупираната украинска територија, соопшти синоќа во Киев заменикот-министер за земјоделство Тарас Висоцки.

Во изјава за украинска телевизија, како што пренесува ДПА, Висоцки рече дека одземеното жито претставува околу една третина од залихите на жито во регионите Херсон, Запорожје, Доњецк и Луганск.

– Пред војната, таму се складираа околу 1,3 милиони тони жито за секојдневно снабдување, но и за садење. -Немаше стратешки резерви, рече тој. Доколку залихите на жито се намалат, тие области се соочуваат со ризик од глад, предупреди Висоцки.