Украинската нуклеарна агенција соопшти дека руски проектили оштетиле дел од големата нуклеарна централа што сега е под руска контрола, но дека нема истекување радијација.
Во соопштение се наведува дека еден блок и високонапонскиот далновод се оштетени во нуклеарната централа во Запорожје, најголемата во Европа, лоцирана на југот на Украина, јави Би-Би-Си. Локалните претставници назначени од Русија ја обвинија Украина за гранатирањето.
Украина, исто така, ги обвинува руските сили дека истрелуваат ракети врз цивилни области од локацијата. (МИА)