Од почетокот на руската инвазија уништени се 127 медицински објекти, а оштетени се 826, информираше украинското Министерство за здравство.
Тоа додаде дека соработува со глобалната здравствена организација Проџект Хоуп со цел повторно да се овозможи пристап до здравствена заштита низ Украина.
Како што пишува во соопштението, веќе обновени се 62 објекта оштетени од руските сили.
– Со партнерите работиме на тоа, пред сè, да ги обновиме болниците што претрпеа најмала штета и што може да се обноват во најкраток можен рок. Паралелно, спроведуваме уште неколку проекти во регионите Киев и Суми, каде градиме медицински установи речиси од нула, појасни заменик министерот за здравство Богдан Боруховски.