Украинските сили објавија дека рускиот десантен брод, што го уништија во напад во текот на вчерашниот ден, бил бродот Саратов, а не Орск, како што беше претходно информирано.
-Според ажурираните информации, големиот десантен брод Саратов е уништен за време на нападот на окупираното пристаниште Бердјанск. Оштетени се големите десантни бродови Цезар Куников и Новочеркаск, се наведува во извештајот на украинскиот Генералштаб на вооружените сили.
– На Саратов уништени се 20 тенкови, 45 оклопни транспортери и 400 луѓе, појасни Антун Герашченко.
Рускиот брод носеше оружје и резерви за силите што се борат во Мариупол. Медиумите потсетуваат дека беа објавени драматични фотографии од оган и црн дим, откако украинските балистички ракети го погодија бродот, што пристигна на пристаништето на Азовското Море.