сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Украина ветува дека ќе користи касетни бомби само за деокупација на нејзините територии

Украина ветува дека ќе користи касетни бомби само за деокупација на нејзините територии

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников ја поздрави одлуката на САД да испратат касетна муниција во земјата.

Во објава на Твитер, Резников рече: „Новото оружје значително ќе ни помогне да ги деокупираме нашите територии, истовремено спасувајќи ги животите на украинските војници“.

Тој рече дека муницијата „нема да се користи на официјално признатата територија на Русија“.

„Нашиот став е едноставен – мораме да ги ослободиме нашите привремено окупирани територии и да ги спасиме животите на нашите луѓе. Украина ќе ја користи оваа муниција само за деокупација на нашите меѓународно признати територии. Оваа муниција нема да се користи на официјално признатата територија на Русија“, рече Резников. (МИА)