На социјалната мрежа Фејсбук, украинската војска објави видео од соборувањето на еден руски воен авион.
На снимката може да се забележи како авион паѓа од небото, во еден момент почнува да се пали, а по падот на земја тој експлодира. Во позадина се слушаат истрели од автоматско оружје, како и радост на украинските војници.
– ЗСУ уништи уште еден борбен авион на руската армија! Верувајте во војската на Украина! – пишува во објавата на Фејсбук.
Украинската армија денес соопшти дека соборила пет руски авиони и еден хеликоптер во областа Луганск, на социјалните мрежи пренесува Ројтерс.
Руското Министерство за одбрана денес ја демантираше информацијата дека руски авион е соборен над територијата на Украина.
– Информациите од странските медиуми за рускиот авион што наводно бил соборен над територијата на Украина се неточни – се наведува во соопштението што го пренесоа руските агенции.