Најголемата европска нуклеарна централа, лоцирана во окупираниот југоисточен украински регион Запорожје, се соочува со критичен недостиг на резервни делови, соопшти воената разузнавачка агенција на Украина.
Разузнавачи од Министерството за одбрана велат дека во фабриката се развила критична ситуација во смисла на обезбедување стабилна и безбедна работа. Резервни делови и потрошен материјал речиси и да нема.
Нуклеарката во Запорожје ја окупираа руски војници веднаш откако Русија ја почна инвазијата, но централата сè уште ја водат украински техничари. Со институцијата управува персонал со неделни ротации чии лични работи и телефони се одземени. (МИА)